Масовни демонстрации во Бразил!

Објавено на 19 јуни, 2013 во 07:07

Бразил се соочува со најголемите протести по повеќе од дваесет години, пренесува Вашингтон пост. Над 200.000 демонстранти се слеаа по улиците во Сао Паоло, Бразилија,  Рио де Жанеиро и четири други поголеми градови за да протестираат против социјалната состојба во земјата.

Според Асошиејтед прес, демонстрациите почнале минатата недела  по покачувањето на цената на автобускиот превоз за 10 центи како и покачувањето на цените на метроата што во земјата се спроведува од први јуни годинава.

Десетици демонстранти на социјалните мрежи напишаа дека сега протестите се заради нешто повеќе од 20 центи: заради сиромаштијата, даночните оптоварувања, политичката корупција, социјалните услуги и растечката фрустрација од големите буџетски трошења за организацијата на Светското фудбалско првенство во 2014 и Олимписките игри во 2016.

Граѓаните на Бразил сметаат дека наместо светско првенство парите треба да се трошат за болници и образование. Бразил како и Турција се наоѓа на непријатна крстосница во развојот.

Новинар на Ројтерс на Твитер објави дека против демонстрантите и во двете земји се користел солзавец произведен Бразил./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.