Откриен град на Маите!
Длабоко во мексиканската џунгла, арехеолози открија голем град на Маите. Градот е целосно сочуван со споменици и резби, пренесува Хафингтон пост.
Градот е откриен во Кампече, во југоисточно Мексико каде се пронајдени голем број споменици од цивилизацијата на Маите, вклучувајќи ги оние што денес се под заштита на УНЕСКО.
Водач на експедицијата која го откри градот е словенечкиот археолог Иван Шпрајц. На прес конференција тој изјави дека се работи за еден од најголемите градови во ова подрачје кој може да се спореди со градовите Бекан, Нацкан и Ел Палмар.
Тимот предводен од Шпрајц откри три комплекси во Чактун. Пронајдоа пирамиди, згради, споменици, плоштади и олтари. Според записите откриени на локацијата „Црвениот град“ го создал владетелот Кинич Б´лам во 751 година по Христос.
Шпрајц е експерт по мезоамериканска археологија и археоастрономија и многу години работел во регионот Кампече за Институтот за атрополошки и просторни студии./Н.Р
