ВИДЕО: Поплави во Канада и евакуација на населението!

Објавено на 21 јуни, 2013 во 19:26

Властите во Канада започнаа евакуација на населението од околината  на Калгари поради закани од поплави и лизгање на земјиштето.

Со затворањето на трансканадскиот автопат се изолирани планинските области Банф и Канмора, а една жена исчезнала кога нејзината приколка ја однела преплавената река Алберта.

Тешко се погодени и населените места јужно од Калгари, град со повеќе од милион жители, кој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1988 година.

Сопствениците на моторните чамци полицијата ги ангажира за помош на поплавените, од кои некои се на покривите на своите куќи.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=kAjbYEVtjDg{/youtube}

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Js6BvFp4Afc{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.