Истанбул: Со водени топови на демонстрантите!
Не стивнуваат протестите во Турција. Полицијата синоќа им се спротивстави на демонстрантите со водени топови и солзавец на една група во авенијата Истикакл како и гумени куршуми и палки на истанбулскиот плоштад Таксим.
Синоќешниот протестен собир, како што јави агенцијата Анадолија, беше организран на повик на здружените групи „Солидарност за Таксим“, една недела по полициската акција во која сите демонстранти беа отстранети од паркот Гези во Таксим.
Пред да започне полициската акција протестот траеше два часа, за време на кои демонстрантите извкуваа антивладини пароли и бараа оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Протести синоќа се одржаа и во турскиот главен град Анкара.
Неколку часа пред новите протести во Истанбул и Анкара, премиерот Ердоган на митинг на негови приврзаници во градот Самсун обвини дека учесниците на антивладините собири се жртви на подмолен план.
Тој ги обвини учесниците на протестите дека започнале како војници на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а завршиле како војници на лобито на лихварите.
