Решение за протестите во Бразил!

Објавено на 25 јуни, 2013 во 08:08

Бразилската претседателка, Дилма Русеф, предложи референдум за политички реформи.

Таа и нејзината влада се сретнаа со лидерите на Фри Пас Мовмент, организацијата која го започна протестот против зголемување на цената на јавниот транспорт. Тие дискутираа за скорешните агресивни напади во бразилските градови.

 

“Јас ја потврдувам мојата посветеност на обезбедувањето мир и стабилност во нашите градови„ изјави Русеф за Телеграф по средбата со градоначалниците на повеќе градови. Таа изјави дека Бразил наскоро ќе има референдум на кој граѓаните ќе одлучат за политичките реформи во државата.

Претседателката исто така го потврди својот предлог дека сите заработувачки од нафтата во Бразил треба да се инвестираат во образование. Русеф ги пронајде протестите како мотивација и понатаму да се работи на проблемите во Бразил, особено на корупцијата.

“Бразил е доволно зрела држава за да напредува. Ние мора да дадеме приоритет на битката со корупцијата, на многу посилен начин од се што е направено досега„ изјави Русеф за Телеграф. Дилма Русеф самата има учествувано во протести и герила движења против диктадурата во Бразил, па не е ни чудо што симпатизира со лидерите на овие протести.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.