Сноуден без пасош се крие во Москва!

Објавено на 25 јуни, 2013 во 11:45

Американската влада го повлече пасошот на поранешниот соработник на Американската Безбедносна Агенција, Едвард Сноуден.

Сноуден неодамна откри информации за интернет-шпионажата вршена од американските агенции и е баран од САД за кривично дело. Еј Би Си пренесува дека пасошот на Сноуден бил поништен во Хонк Конг пред да замине од државата со цел да се спречат неговите понатамошни патувања.

“Таквото одземање нема ефект врз статусот на државјанство. На лица барани за кливични дела, како Господин Сноуден, не смее да им биде дозволено да продолжат со интернационални патувања освен да се врати во САД“ изјави за Еј Би Си портпаролката на Стејт Департментот.

Иако му беше одземен пасошот, американските власти тврдад дека Сноуден успеал да ја помина руската граница и дека моментално се наоѓа во Москва. Тие веруваат дека тој се труди да стигне во Еквадор, каде што очекува да добие азил. Властите од Еквадор потвруваат дека ги примиле документите за азил на Сноуден.

“Ние немаме конекција со Господин Сноуден, ниту со неговата врска со американските власти, ниту со неговото движење низ светот. Тој ја одбрал својата рута и ние, како скоро сите овде, дознаваме за ова преку медиумите„ беше одговорот на рускиот министер за надворешни работи Лавров.

САД ја обвинуваат руската влада за попречување во екстрадицијата на баран криминалец. Тие праќаат апел до сите земји да соработуваат зошто се плашат дека Сноуден ќе објави и други тајни информации.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.