Протести со кафе во Бугарија
Протестите против владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски траат веќе 13 дена.
Демонстрантите се организирале преку социајлните мрежи за денешниот протест со наслов “Кафе пауза пред парламент“.
“Пријатели, време е да го зголемиме протестот. […] Ајде да излеземе на кафе пред задниот влез на парламентот, каде миниваат членовите на парламентот. Мирно, на цивилизиран начин. Ајде да зборуваме за оставки, избори и за било што друго…„ стоеше на официјалната група.
Во парламентот досега не е одржана ниту една седница. Премиерот Орешарски не можел да собере доволно пратеници за расправата на потенцијалните промени во кабинетот на актуелната влада.
Поранешниот бугарски абасадор во Индија, Едвин Сугарев, протестира со глад. За долем дел од граѓаните, Сугарев е симбол за демократизацијата во Бугарија.
Л.С.
