„Самоопределување“ повторно протестира
Објавено на 27 јуни, 2013 во 09:54
Косовското движење „Самоопределување“ ги блокираше сите приоди кон косовското собрание.
Блокадата го попречува влезот на пратениците кои денес треба да го разгледаат нацрт-законот за ратификација на Спогодбата за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово.
Лидерот на „Самоопределување“, Ањбин Курти, изјави дека косовскиот премиер Хашим Тачи се труди да ја подели одговорноста со останатите партии и по секоја цена да го ратификува документот.
„Самоопределување“ го започна протестот околу договорот минатата недела на 18 јуни. Курти тогаш изјави дека спогодбата е навреда затоа што ги озаконува паралелните структри во северно Косово и ги амнестира криминалците.
Л.С.
