Српска алпинистка преживеа масакар

Објавено на 27 јуни, 2013 во 13:29

Спемајќи се да ги искачи Хималаите, српската алпинистка Кристина Аѓанин, избегна масакар од Талибанци.

Таа и неколку колеги се припремале за најтешкото искачување на неколку стотини метри од својот камп, кога Талибанци ги нападнале и масакрирале нивните колеги. Неколку дена пред нападот притигнале „исламски учители“ во кампот.

„Таа ноќ преспаа во кампот, а следниот ден, верувам, беа истите луѓе кои ги убија моите пријатели. Веројатно дојдоа да ја испитаат ситуацијата“, изјави Аѓанин за Блиц.

Еден од алпинистите успеал да избега од кампот и навремено да ја извести Аѓанин, која веднаш се јавила до властите. Преживеаните алпинисти биле земени од пакистанската војска дури следниот ден по масакрот.

Аѓанин сеуште се наоѓа во Пакистан, без пари и само со својот пасош. Таа има авионска карта за 25 јули, но се труди да се врати дома поскоро.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.