Локални избори во Косово на почетокот на ноември!

Објавено на 2 јули, 2013 во 19:28

На 3-ти ноември годинава во Косово ќе се одржат локалните избори, информираа денеска од канцеларијата на претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

„Одлуката е донесена на основа на Законот за локални избори во Република Косово и по консултација со политичките партии и Ценралната изборна комисија“-се наведува  во соопштението.

Претседателката дала наредба комисијата на Косово да ги преземе сите потребни активности за организација и одржување на локалните избори.

Локалните избори на Косово ќе се одржат и во општините на север, како што е договорено со бриселскиот договор на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.