Локални избори во Косово на почетокот на ноември!
Објавено на 2 јули, 2013 во 19:28
На 3-ти ноември годинава во Косово ќе се одржат локалните избори, информираа денеска од канцеларијата на претседателката на Косово, Атифете Јахјага.
„Одлуката е донесена на основа на Законот за локални избори во Република Косово и по консултација со политичките партии и Ценралната изборна комисија“-се наведува во соопштението.
Претседателката дала наредба комисијата на Косово да ги преземе сите потребни активности за организација и одржување на локалните избори.
Локалните избори на Косово ќе се одржат и во општините на север, како што е договорено со бриселскиот договор на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.