Се обидел да се убие пред зградата на Владата во Црна Гора!

Објавено на 7 јули, 2013 во 10:09

Дејан Гашиќ, кој со сопругата и осумте деца подолго од еден месец живееле пред зградата на Владата и Собранието во Подгорица, синоќа се обидел да се убие, пренесе ТВ Вијести.

Претходно, семејството ја изгуби куќата во пожар.

Гашиќ се обидел да се обеси со каиш на столб преку патот на зградата на Владата но го спречиле случаен минувач и полицаец.

Телевизија Вијести синоќа јави дека Гашиќ во свесна состојба бил пренесен во црногорскиот Клинички центар.

Тој претходно барал од Владата да му го реши стамбеното прашање и да му помогне да го прехрани семејството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.