До крајот на јули Србија ќе има нова Влада!

Објавено на 7 јули, 2013 во 18:40

Нова влада подготвена да одговори на сите предизвици ќе се формира во Србија до крајот на јули. Ваква порака пристигнува по првиот состанок на лидерите на владејачката коалиција, посветена на реконструкција на Кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ.

Се разговарало за идните програмски цели на владата и до крајот на неделата било договорено да биде избран главниот преговарач на Србија во процесот за членство во ЕУ.

Идната недела за целите на владата и песонални решенија ќе стане збор во партиите. Третата недела владата и собранието ќе ги завршат сите неопходни работи за да се овозможи работа на „реконструираната“ влада.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.