Се расветлува несреќата со авинот кои се урна кај Сан Франциско!

Објавено на 7 јули, 2013 во 20:55

Најверојатно грешка на пилотот го предизвикало уривањето на авионот на јужнокореанската компанија Азијана Еарлајнс. Во несреќата загинаа две млади девојки и 181 патник е ранет.

Авионот летал ниско кога слетувал при што удрил во оградите кои аеродромот го делат од заливот на Сан Франциско. И аголот на слетувањето не бил добар. Авионот немал никакви технички проблеми а пилотите имале големо искуство.

Експертите соопштиле дека метеоролошките услови биле добри. Во забелешките стои дека „пристапот до пистата се одвивал до точка на импакт која била прекратка. Екипажот, во последен момент и предоцна, додал гас и сакал повторно да тргне и да почне нов пристап и во таа фаза, додека носот на авионот бил нагоре, неговата опашка ја допрела оградата помеѓу пистата и заливот на Сан Франциско“. Авионот се лизнал низ пистата губејќи делови од моторот и на делот за атерирање по што, при застанувањето, избил пожар.

Што точно се случило и ја предизвикало несреќата ќе се знае набрзо. Во истрагата се вклучуваат и кореански експерти кои ќе ја испитуваат црната кутија од авионот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.