Новинари повредени на Таксим
Објавено на 8 јули, 2013 во 10:28
Најмалку 13 новинари беа повредени во судир со полицита на плоштадот Таксим.
За време на демонстрациите во саботата, полицијата употребила палки, пластични куршуми и солзавец. Синдикатот на турските новинари ја осуди оваа реакција од полицијата.
Новинарите велат дека се приморани да носат заштитини маски заради употребата на созавец за растурање на демонстрациите. Над 80 граѓани беа притворени по демонстрациите.
Л.С.
