Паркот Гези во Истамбул денеска повторно пуштен во употреба!
Објавено на 8 јули, 2013 во 21:40
По три неделните протести,паркот Гези, денеска им беше вратен на граѓаните во Истамбул.
Тие слободно ќе можат да го користат откако во него се случија масовни протести.
На жителите на Истамбул им се обрати градоначалникот Авни Мутлу со предупредување дека нема да се толерира никакво илегално собирање во главниот град.
– Полицијата ќе реагира, рече градоначалникот.
Претходно, во мај, имаше немири во знак на незадоволство од плановите за изградба на трговски центар на зелената површина. Демонстрациите брзо прераснаа во анти-владини протести.
