Разнесен автомобилот на новинар во Црна Гора!

Објавено на 9 јули, 2013 во 11:08

Непознати сторители рано утрово ставиле експлозивна направа под автомобилот на новирарот Урош Радуловиќ, кој работи за „Дневних новина“. Детонацијата целосно го разнела возилото.

Автомобилот на Радуловиќ бил паркиран пред зградата во која тој живее, во Блокот 6 во Подгорица, јавија црногорските медиуми.

Полицијата направи увид и истрагата е во тек.

Експлозијата се случува два месеци откако, пред зградата во која што живее таткото на новинарот, фудбалскиот тренер Милош Радуловиќ, беше фрлен динамит.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.