Бугарскиот владика Кирил најден мртов!

Објавено на 9 јули, 2013 во 12:29

Митрополитот Варненско преславски,  Кирил, владика на Бугарската црква,  е најден мртов на плажа во Варна утрово околу 08.15 часот.

Лекарите констатирале дека смртта кај него настапила по насилен пат, најверојатно од давење. Не се исклучува можноста дека тој добил и срцев удар во водата, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Митрополитот дошол сам на плажата околу 07:30 утрово со торба, чаршаф, плавници и нуркачка опрема. Го оставил својот багаж на брегот и влегол во морето. Во тоа време на плажата немало никој. Телото на свештеникот го забележала жена која бливала во близина, која според рибарите била лекар и веднаш потоа инцидентот го пријавила в полиција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.