Паркот Гези во Истанбул е повторно отворен!
По новите судири меѓу демонстрантите и полицијата, паркот Гези во Истанбул е повторно отворен. Полицијата е на готовс со водени топови и персонал.
На соседниот плоштад Таксим подготвени чекаат водените топови и полицијата. Паркот вчера (08.07.) официјално беше отворен, но неколку часови подоцна беше повторно ограден, за да се спречи таму да се соберат демонстранти.
Притоа полицијата повторно насилно се спротивстави на масата демонстранти. Силите за безбедност вчеравечер во центарот на турската метропола употребија водени топови, солзавец и пластични куршуми. Според агенциски извештаи повеќе илјади демонстранти се обиделе да стигнат до полштадот Таксим и до соседниот Гези парк.
Некои демонстранти поставиле барикади на булеварот Истиклал, кој води до плоштадот Таксим. Тие врз водените топови гаѓале со камења и шишиња. Според информации на очевидци демонстрантите врз полицијата гаѓале и со прачки. Протестното движење соопшти дека биле уапсени повеќе од 80 демонстранти.
