Србија ќе одлучува дали ќе го ограничи увозот на домати и вина од Македонија!

Објавено на 9 јули, 2013 во 14:35

По состанокот кој ќе го има српската влада со секретарјатот на ЦЕФТА ќе донесе одлука дали ќе го ограничи увозот на домати и вина од Македонија, пренесуваат медиумите во Србија.

Седницата е закажана за 22 јули во Белград.  Секретаријатот на Цефта ќе распарава за одлуката на Владата на Македонија за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија јавува агенцијата БЕТА. Србија сеуште нема воведено никакви официјални мерки против Македонија.

Ќе следуваат мерки на реципроцитет од северниот сосед доколку во наредните шест дена не биде решен проблемот со ограничениот увоз на пченица и брашно од Србија во Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.