Шпионски скандали и во Луксембург
Објавено на 11 јули, 2013 во 12:32
Премиерот на Луксемург, Жан Клод Јункер, денес изјави дека ќе си поднесе оставка поради голем шпионски скандал во својата земја.
Тој е премиер со најдолга служба во Европа, како чело на луксембуршката влада од 1995. Јункер исто работеше како прв човек на еврогрупата од 2005 година се до јануари годинава.
Тој е обвинет дека не успеал навреме да ги спречи нелегалните шпионски делувања, како прислушкувања и корупција. Опозицијата изјави дека Јункер премногу се посветувал на својата функција во еврогрупата.
Сегашната влада ќе остане се до новите избори, но нема да може да носи нови закони.
Л.С.
