Приштина го усвои законот за амнестија

Објавено на 12 јули, 2013 во 11:30

Косовскиот парламент го изгласа законот за амнестија по втор пат гласање со 90 за, 17 против и еден воздржан.

Законот ќе им даде амнестија на сите оние осудени за кривични дела, или можат да бидат предмет на кривично барање за истите дела, доколку тие се изведени пред 20 јуни 2013. Законот е дел од Договорот за нормализација на одностие меѓу Белград и Приштина.

Пратениците од „Самоопределување“ не го поддржаа овој закон.

„Овој закон не претставува договор помеѓу држава Косово и граѓаните. Овој закон е договор помеѓу Република Косово и Белград и доаѓа од преговорите со Србија. Со него, тие кои 14 години спроведуваа насилство и подигнуваа барикади сега се амнестирани, а Белград ги поставува на водечки позиции во оквирот на автономниот север“, изјави пратенкот Љубурн Алију.

Околу 8,000 граѓани потпишаа петиција против овој закон уште истиот ден на гласањето. Премиерот Хашим Тачи објасни дека законот е многу важен и неопходен.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.