Намален кредитниот рејтинг на Франција!

Објавено на 13 јули, 2013 во 06:35

Бонитетската куќа Фич и го намали кредитниот рејтинг на Франција од ААА на АА+. Како што се наведува во образложението поради застојот во растот и пробивањето на долговите.

Фич наведува дека прогнозата за францускиот раст е неизвесна, поготово ако се земе во предвид кризата во еврозоната.

Иако Франција е втора најјака економија во Европа, после Германија, таа веќе две години практично нема никаков економски раст, додека невработеноста е на највисоко ниво од 1999 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.