Во Ниш, улични музичари ќе добијат сертификат!

Објавено на 13 јули, 2013 во 07:26

Во паркот „Свети Сава“ во Ниш беа претставени учесници на конкурсот за улични забавувачи.

„Пред публиката и членовите на жирито своите уметнички способности ги покажаа десетина изведувачи кои ќе добијат сертификати, обезбедена локација и заштита од комуналната полиција“ , рече Билјана Станојевиќ, шеф на претседателот на општина Медијана.

На конкурсот што го распишала општината и кој ќе биде отворен до крајот на летото можат да се пријават сликари, музичари, играчи, глумци, жонглери, магионичари и кловнови.

Уметниците, според кажувњето на Станојевиќ, по аудицијата ќе добија дозвола за настап на улиците, плоштадите и парковите и на други јавни површини.

Целта на ваквиот потег не бил да им се попречи работата на уличните изведувачи туку општината да им даде помош и заштита.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.