Со ебола, едно лице под надзор во Црна Гора
Објавено на 14 август, 2014 во 14:53
Поради тоа што допатувало од земја во која е присутен вирусот ебола, едно лице во Црна Гора се наоѓа под здравствен надзор,соопштија од Институтот за јавно здравје, објави Б92.
Од Институтот истакнуваат дека во Црна Гора не е регистрирано ниту едно лице за кое би можело да постои сомнеж дека е заболено од ебола.
Институтот ја следи епидемиолошката ситуација и ги известува Министерството за здравство и другите надлежни институции.
.
