Брисел: Брзината на движење на возилата од 1 јануари ограничена на 30 км/ч

Објавено на 4 јануари, 2021 во 11:05

brisel

04.01.2020

Во Брисел од 1 јануари брзината на движење на моторните возила е ограничена на 30 километри на час. Реакциите по ваквата одлука се разни.

Градските власти соопштија дека новото правило во сообраќајот ќе важи за сите делови од градот и ќе помогне во намалување на бројот на несреќи, но и зголемување на безбедноста на патиштата.

Како што јавува Еуроњуз, само неколку патишта ќе бидат исклучок од овој пропис.

Мислењето на граѓаните е поделено, некои сметаат дека тоа е добра опција особено за безбедноста на децата, додека други мислат дека е претерано ограничувањето да важи во сите делови од градот.

Контролите во Брисел се заострени, а поставени се и посебни камери. Најголем дел од прекршителите ќе мора да платат парична казна, а оние кои повеќе пати ќе го прекршат правилото може да се соочат и со одземање на возилото.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.