Нов земјотрес утринава во Хрватска

Објавено на 5 јануари, 2021 во 09:24

zemjotresHR fin

5.01.2021

Земјотрес со сила од 2.9 по Рихтер бил почуствуван утринава во 7.11 часот на подрачјето на Петриња, Сисак и Покупск, пренесува ЕСМЦ.

Епицентарот бил кај Покупско, на 34 километри од Загреб, на длабочина од 15 километри.

Според ЕМСЦ, од синоќа од 21 часот Хрватска ја погодиле повеќе од 10 земјотреси, а најсилниот бил околу еден часот по полноќ со јачина од 2.5 по Рихтер.

90 земјотреси од 3 до 4 јануари

Во Хрватска од 3 јануари до 4 јануари во 17 часот се регистрирани 90 земјотреси на подрачјето Петриња, кое изминатата недела беше погодено од земјотрес со јачина од 6,2 по Рихтер, покажуваат податоците на Сеизмолошката служба на Хрватска.

Од нив 59 земјотреси се регистрирани на 3 јануари, а 31 е забележан на 4 јануари до 17 часот, пренесува порталот Индекс.хр.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.