Велика Британија влегува во целосен карантин и соопшти Премиерот Џонсон на нацијата

Објавено на 5 јануари, 2021 во 10:28

AnglijaGjonson fin

5.01.2020

Премиерот на Британија Борис Џонсон синоќа во телевизиско обраќање до нацијата, објави дека поради ковид кризата, Англија до средината на февруари ќе биде во карантин.

Сите училишта ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на работниците во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства, а граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехранбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.

                            

Студентите не се враќаат во кампусите и наставата ќе се одвива онлајн.

Причината за ваква оваа одлука на Британскиот премиер се драстичните мерки бројки на заразени.

„Јасно е дека мораме да направиме повеќе за да успееме да го зауздаме новиот сој на коронавирусот и да го ставиме под контрола. Тоа би значело дека вашата влада ве моли уште еднаш да останете дома“, рече во обраќањето Борис Џонсон до нацијата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.