Градоначалникот на Петриња не исклучува можна евакуација: Опасноста за секој човек е голема

Објавено на 7 јануари, 2021 во 10:23

gradonacalnikPetrinje fin

7.01.2021

По вчерашниот земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала во Хрватска, полицијата не пушта никој во Петриња поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во потресот во декември.

– Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.

Во разорниот земјотрес од 6,2 степени на 29 декември 2020 година животот го загубија седум лица.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.