Доналд Трамп ја промени траекторијата и го осуди упадот во Капитол Хил: Вие не ја претставувате нашата земја, ќе платите за штетата

Објавено на 8 јануари, 2021 во 10:35

3SPBPTCL3RHBVIWG7BOPKS2JYY

08.01.2021

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди демонстрантите кои извршија упад во Капитол Хил, при што починаа пет лица, истакнувајќи дека тие ќе платат за нанесената штета. 

Во видео обраќање објавено синоќа на Твитер,  Трамп рече дека демонстрантите што насилно влегоа во Капитол оваа недела го „осквернавија седиштето на американската демократија“, инсистирајќи дека сите инволвирани ќе бидат казнети.

– Како и сите Американци, јас сум револтиран од насилството, беззаконието и хаосот. Веднаш ги распоредив Националната гарда и федералните спроведувачи на законот за да ја обезбедат зградата и да ги протераат натрапниците – кажа Трамп.

Тој истакна дека со тоа е прекршен закон и ќе следува казна.

– До оние што се впуштија во акти на насилство и уништување: вие не ја претставувате нашата земја. А до оние што го прекршија законот: ќе платите – порача Трамп во своето обраќање. 

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.