СЗО: Нереално е да мислиме дека светот ќе се ослободи од ковид-19 до крајот на годината

Објавено на 2 март, 2021 во 09:03

szo

02.03.2021

Светската здравствена организација предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од ковид-19 до крајот на оваа година. Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан сепак изјави дека трагедијата во кризата со коронавирусот може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан”.

Тој додаде дека вирусот сè уште е оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новозаразени минатата недела, по шест последователни недели пад на бројките.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата, рече Рајан.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.