САД: Откажана седница на Претставничкиот дом поради можен нов упад во Конгресот

Објавено на 4 март, 2021 во 09:41

thumbs b c 32248a5cafec244eb69a9365c970270f

04.03.2021

Претставничкиот дом на Конгресот ја откажа планираната седница за денеска по полициското предупредување за можен упад на милитанти во Капитол хил како што беше случај на 6 јануари.

На дневната агенда на Претставничкито дом, меѓу другото, беше и расправа за предлог законот за реформи во полицијата. Но, еден од членовите рече дека предупредувањето од полицијата, базирано на податоци на разузнавачките служби, претставува голем ризик и дека затоа е дојдено до измена на планови, пренесува „Глас на Америка“.

Полицијата на Капитол хил не ја именуваше организацијата, туку ја нарече само „неидентификувана милитантна група“.

Шефот на протоколот на Претставничкиот дом, Тимоти Блоџет уште вчера ги извести сите членови на Конгресот за можни безбедносни закани од четврток до сабота што се однесуваат на потенцијални протести и демонстрации во врска со настанот што некои го опишуваат како „правен ден на инаугурација“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.