Гутереш: Многу земји складираат вакцини, додека сиромашните не добиваат ниту една доза
12.03.2021
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, критикуваше бројни примери на т.н. национализам за вакцини, правење залихи и складирање на вакцини и склучување договори со производители на вакцини кои ограничуваат еднаков глобален пристап до вакцини.
Во изјавата издадена на годишнината од официјалното прогласување на пандемијата, Гутереш предупреди дека „глобалната кампања за вакцинација е најголемиот морален тест за нашето време“, објави АП.
Тој посочи дека е од суштинско значење сите луѓе да бидат вакцинирани, потсетувајќи дека многу посиромашни земји досега не успеаја да набават единствена доза на вакцина, како и „повторно да ја стартуваат глобалната економија и да му помогнат на светот да се отклучи, со „заклучување“ на вирусот“.
Гутереш истакна дека вакцините треба да се сметаат за „глобално јавно добро“.
Мите Јаначков