Саудиска принцеза уапсена за држење робинка
Објавено на 11 јули, 2013 во 13:06
Саудиската принцеза Мешаел Алајбан, вчера беше обвинета и ставена во притвор за трговија со луѓе во САД.
Полицијата изреагирала одкако жена со кениска националност успеала да избега од домот на Алајбан и да ги извести овластените дека била држена како робина.
Кенијката, чие име не е објавено, била запослена од саудиската фамилија и и биле ветени 1,600 долари месечно. Нејзиниот пасош бил одземен по пристигнување во САД и таа робувала скоро цела година за 200 долари месечно. Не и било дозволено да излезе од домот на Алајбан.
Во куќата на принцезата се пронајдени уште четири жени од Филипините, на кои исто така им бил одземен пасошот. Доколку се соочи со казна, Алајбан може да добие до 12 години затворска казна.
Л.С.
