Kоските најдени на паркинг во Лечестер му припаѓале на Ричард III
Скелетот кој во септември минатата година беше пронајден под паркиралиште во Лечестер во централна Англија, навистина му припаѓаат на кралот Ричард III, потврдиле денеска експертите од локалниот универзитет, расветлувајќи ја мистеријата стара повеќе од пет века во врска со местото на кое почиваат останките на легендарниот англиски крал, пренесува Макфакс.
По добиените резултати од ДНК анализата „универзитетот во Лечестер заклучил дека скелетот ископан во септември 2012 година, несомнено му припаѓа на Ричард Трети, последниот крал од англиската лоза на Плантагенетите”, изјавил водителот на археолошките истражувања Ричард Баклеј на прес-конференција, што било дочекано со силен аплауз.
Посмртните останки ќе бидат погребани во градската катедрала, додадоа од универзитетот во Лечестер, откако претходно се споменуваа две можни локации на погребувањето, катедралата во Јорк и Вестминстерскара опатија во Лондон.
