СВР Велес со превентивни активности за одговорно управување на моторни возила

Објавено на 11 април, 2024 во 15:03

На автопатот „Пријателство“ на делницата Велес – Неготнино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност за одговорно управување со моторно возило.

-Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Исто така, беше укажано на ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и останатите правила за безбедно управување со возило, во насока на подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека на сите возачи им биле поделени и летоци со едукативна содржина изготвени од РСБСП.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.