Телото на починатиот планинар на Пелистер дадено на обдукција
Телото на починатиот планинар од Скопје, кој почина на Пелистер, по барање на јавниот обвинител на Битола е дадено на обдукција.
И покрај тоа што лекарите на Итната медицинска помош од Битола утврдија дека се работи за смрт без видливи траги на насилство, сепак по барање на јавниот обвинител, телото на починатиот планинар од Скопје е дадено на обдукција.
Од СВР Битола соопштија дека по преземените мерки и активности утврдено е дека станува збор за С.А.(76) од Скопје кој бил дел од планинарската група која движела кон врвот Антена на Пелистер.
Планинарот од Скопје почина во близина на Ловечка куќа на висина од околу 2.000 метри. Во полицијата било пријавено дека на тешко пристапен терен било пронајдено повозрасни лице, кое не давало знаци на живот.
Веднаш биле известени ДЗС, ЦУК како и ОЈО.
Дирекцијата за заштита и спасување го активираше тимот за интервенција во планински услови кои и покрај снегот на Пелистер и тешко пристапниот терен успеаја да го најдат и извлечат телото.
Дума.мк