Топло време со изолирана појава на краткотраен пороен дожд
Објавено на 1 јуни, 2022 во 09:09

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот.
