Трета доза „Фајзер“ за постари од 60 години и за сите здравствени работници
Третата доза вакцина којшто ќе почне да се дава од понеделник, треба да биде „Фајзер”, без оглед која е претходно примената вакцина, а ваквата препорака, Таа ќе биде наменета за граѓаните на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возарста и сите лица кои имаат имуно компромитирана состојба без оглед на возраста изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, објаснувајќи го предлогот на членовите на Комисијата за имунизација
Трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, по што ќе можат да добијат и македонски сертификат.
-Сите наши граѓани, без разлика со која вакцина се првично вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина, рече Филипче