УХРМ: Од утре попладне невреме, локални поројни дождови, грмежи, засилен ветер и град
Објавено на 22 август, 2023 во 12:58

Ќе продолжи периодот на многу топло време. Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Краткотрајно постабилно ќе биде во петок. Во овој период насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура.
УХРМ им препорачува на граѓаните во случај за поголема внимателност при појава на електрични празнења поточно да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Дума.мк
