Укината забраната за камиони на патот Струга – Ќафасан како и на Стража
Во 9:00 часот се укинати забраните за ТМВ на правецот крак Маврово – Дебар и Струга – г.п. Ќафасан, додека во 06:40 часот се укина забраната за ТМВ на планинскиот премин Стража.
Виадукт Трејд известува дека од 07.02.2022 па се до 19.02.2022 ќе се изведуваат грaдежни активности – на дел од државен пат А2 на потег од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково на седум локации, поставување на видео надзор на дел од клучките каде ќе имаме затварање на една сообраќајна лента (брза лента) во период од 2 часа за секоја клучка, а во времетраење од 10 работни дена. Градежните активности ќе бидат изведувани од страна на „Итек Системс“ – Гевгелија.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.