Утрово нема активни пожари, вчера вкупно девет на отворен простор
Во вчерашниот ден изгаснати се пожари во осум општини на територијата на државата,по еден во седум и два на подрачје на град Скопје. Во Општина Демир Капија во пожар гореше сува трева и ниска вегетација, во Општина Градско сува трева, во Општина Кичево запалено стрниште, во Општина Охрид, сува трева и пилевина, во Општина Чешиново – Облешево стрниште и сува трева, во Општина Куманово сува трева, во Општина Старо Нагоричане сува трева и ѓубриште и во Скопје Скопје еден со запалена сува трева и втор на ѓубриште.
„Благодарение на брзата реакција на пожарникарите пожарите беа изгаснати, не загрозија човечки животи ниту предизвикаа поголема штета. Сувоста на вегетацијата секојдневно се зголемува. Сите досегашни пожари во оваа сезона се предизвикани од човек. Најголемиот дел ненамерно, од невнимание, а за неколку постојат сомнежи за намерно палење, соопшти Стојанче Ангелов директор на Републички Центар за управување со кризи.
Од РЦУК со апел до сите граѓани да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар.
„Човек не треба да биде во шума за да предизвика шумски пожар. Доволно е преку прозор од возило да фрли отпушок од цигара кој лесно може да ја запали сувата трева покрај било кој пат а потоа огнот да се прошири до најблиската шума. Мајстор кој работи со брусалица во последните куќи од некој град или село, правење скара на отворено, палење на стрништа,остатоци од жито или други земјоделски култури, иако навидум може да биде далеку од шума, огнот за миг може да се прошири и да навлезе во шума. Особено ако дува ветер“, гласи апелот на РЦУК.
Дума.мк