Вакцинација против ковид-19 без закажан термин и теренска вакцинација

Објавено на 12 јули, 2021 во 09:45

Од денеска граѓаните може да примат вакцина против ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација.

Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите на установите.

Процесот за теренска вакцинација, пак, е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација. Од Министерството за здравство информираат дека сите вакцини во земјава се безбедни и ефикасни и спречуваат тешки симптоми или смрт од коронавирусот.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, при што се регистрирани 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје и еден во Струга. Регистрирани сe и двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје, а не се регистрирани починати пациенти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.