Вакцинираните на Кипар ќе добијат попуст за летен одмор

Објавено на 15 јули, 2021 во 11:35

Преку „Планот спонзорирани летни одмори“ надлежното Министерство за туризам на Кипар им нуди попуст за летување на граѓаните, под услов да се вакцинирани, односно да имаат примено барем една доза или да прележале Ковид-19 во последните 180 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно програмата, во која учествуваат околу 220 хотели и туристички објекти, лицата кои ги исполнуваат условите можат, во периодот од 15 јули до 31 август 2021 година да добијат 35 отсто попуст, а цените се до 80 евра дневно за двокреветна соба со појадок и неопходно е да останат најмалку три вечери.

Надлежното министерство учествува со покривање на 35 отсто од трошоците, а програмата е  во рамките на мерките на кипарската Влада соопштени на почетокот на месецов за охрабрување и забрзување на процесот на вакцинација во земјата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.