Вакцините придонесуваат индискиот сој да се помине со полесна клиничка слика

Објавено на 24 јуни, 2021 во 13:18

Нашата проценка укажува дека некој нов ризик од нов бран во скоро време нема, рече министерот за здравство Венко Филипче во врска со појавата и ширењето на индискиот сој. Тој напомена дека будно се следи состојбата со вирусот.

-Има случаи на вакцинирани граѓани кои се заразиле со индиски сој во некои земји. Меѓутоа во 98% клиничката слика им е послаба, и нема потреба од хоспитализација. Затоа кај нас сега следува едно забрзано темпо на вакцинација, вели Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.