(видео) Илон Маск лансираше нови сателити во ниската орбита на Земјата
Објавено на 4 јануари, 2024 во 10:14
Компанијата Space X на американскиот милијардер Елон Маск објави дека лансирала 21 интернетски сателит Старлинк во ниската орбита на Земјата со помош на ракетата-носач Falcon 9.
За време на лансирањето била користена ракета-носач за повеќекратна употреба, така што Falcon 9 се уште е употреблив, објавија медиумите.
Носачот, откако се одвои од сателитот, изврши контролирано вертикално слетување на платформа за слетување на беспилотни летала на море, која Space X ја нарече „Секако дека сè уште те сакам“ (Of Course I Still Love You, односно OCISLY).
Дума.мк