Во текот на вчерашниот ден издадени 15.700 кутии Диазепам
Објавено на 2 јуни, 2022 во 09:45
Според податоците на „Мој Термин“ во теткот на вчерашниот ден издадени се 15.700 кутии Диазепам.
-На сите со здрав разум мислам дека им кажав и посочив на повеќе нешта преку постовиве, на лоботомирани ликови од штаб не им можеш ништо секако.Нема потреба од чипирање кога сами се ставате во hibernate, напиша на Фејсбук др.Ненад Лазаров кој во текот на вчерашниот ден ги обајвуваше податоците за бројот на издадени Диазепами.
На социјалните мрежи поголем дел од коментарите беа насочени дека овие апчиња се издадени поради шокот на новите цени на дел од прехрамбрените производи, додека пак други пишуваа дека станува збор за почеток на месец каде се земаат рецепти од матичните лекари.