Во Врање досега се вакцинирани 11.743 македонски граѓани со прва доза

Објавено на 19 јули, 2021 во 13:00

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11.743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11 743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.012.

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи, прва и уште 82, втора доза. Вакцините Спутник и Астра Зенека не беа дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19. Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.