Возел со 206 км/час, фатен на радар
Објавено на 26 април, 2022 во 09:58
Во текот на вчерашниот ден мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Според објавеното од МВР, еден од фатени возачи се движел со високи 206 килолметри на час.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.