Вработените на МВР денеска ја добиваат бонус платата

Објавено на 16 јуни, 2021 во 10:04

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  денеска информираше дека на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над  150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.

„За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денариво вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020. Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните,работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот“, стои во објавата на Спасовски.

Според него, со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат, „нешто што претходно претставуваше невозможна мисија“.

Пред околу еден месец, премиерот Зоран Заев, се осврна и на обезбедените средства за исплата на бонус плата на вработени во МВР за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2017 и 2018 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.